сабота, 19 октомври 2024

Девет европски земји планираат заеднички да градат ветерни електрани на Северното Море

Објавено на

часот

Сподели

Агендата на состанокот во Остенде, на кој ќе се сретнат францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и холандскиот премиер Марк Руте, меѓу другото ќе вклучува и развој на полиња на ветерни електрани, инфраструктура за поврзување и индустриски мрежи како и проекти на зелен водород.

„Нашата заедничка цел во однос на енергијата од ветер во Северното Море е 120 гигавати до 2030 година и најмалку 300 гигавати до 2050 година“, велат лидерите на деветте земји во колумна објавена во понеделникот на веб-страницата на Политико. Сегашниот вкупен капацитет е околу 30 гигавати.

„Нашиот пат е јасно зацртан. Сега само треба да го забрзаме темпото“, велат тие. Во пракса тоа значи дека ќе се забрза процесот на одобрување, подобро ќе се координираат јавните тендери, ќе се „зајакнат“ производствените мрежи и ќе се диверзифицира понудата на важни компоненти со цел да се намали зависноста од Кина.

Ќе присуствуваат лидерите на седум земји од Европската унија (Франција, Германија, Холандија, Белгија, Ирска, Данска и Луксембург – главни финансиери на проектот) како и Норвешка и Велика Британија.

„Ветерните електрани ќе бидат главниот извор на производство на обновлива енергија, далеку повеќе од сончевата енергија и ветерните електрани на брегот“, велат од Елисејската палата.

Во Северното Море, кое не е толку длабоко, ветерните електрани „може да се постават во голем број“, недалеку од брегот, „во услови кога ветерот овозможува производство на голема количина зелена енергија“ по „исклучително конкурентна цена“, додаде истиот извор.

Но, за да се постигнат целите од Остенде, „потребни се нови големи инвестиции во производствени капацитети и во помошната инфраструктура“. „Планираните политики засега не се доволни“, реагираа во заедничкото соопштение околу стотина компании од секторот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ