вторник, 21 јануари 2025

Девет дена гори на Серта, апокалиптични слики од уништената шума

Само на планината Серта досега изгорела шума на површина од шеесетина хектари. Пожарот на планината и околината сѐ уште не е изгаснат. Активни се повеќе жаришта. Шумата е целосно изгорена, страда и дивечот и птиците и целиот животински свет.

Објавено на

часот

Сподели

Зафатените површини со пожарот се простираат од селата Пепелиште и Бистренци од страната на Неготино до штипскиот реон и селата Драгоево и Селце.

На територија на планината Серта, од сите страни се пожарникари, припадници на армијата и на полицијата, ловџиите, а одозгора се гасне и со хеликоптери и ер-трактори. Се гасне пожарот кај гасоводот, во близина на селата Селце, Драгоево и Пиперово. Со помош на механизација од комуналните претпријатија и приватни фирми се прават пресеци во шумскиот предел, за да не се шири огнот.

Колкава е штетата од овој пожар на планината Серта дополнително ќе се утврдува.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ