„За време на своето постоење, Детскиот културен центар – Карпош зачува сè што е добро и го надополнува со современи креативни, модерни и интерактивни програми, секции и работилници кои ги следат социјалните појави и трендови, во согласност со интересите на децата и младите“, велат од Детскиот центар.
Директорката на центарот д-р Билјана Лалчевска Серафимовска изрази благодарност за посветеноста на вработените.
„Овој јубилеј го посветуваме на оние кои вредно работеле и дале свој голем придонес во развојот на ДКЦ – Карпош, некогашните вработени, денес пензионери, а и на сегашните вработени кои ги исполнуваат ветувањата и оставениот аманет“, посочи директорката Лалчевска Серафимовска.