петок, 27 декември 2024

Детски караван за општествени вредности и едукација на Витаминка

Витаминка започна со караван во предучилишните установи за едукација за основните општествени вредности. Во повеќе од 80 предучилишни установи преку музичка претстава, интерактивна игра и забава најмладите ќе ги запознаваат овие вредности и ќе се едуцираат за емпатија, другарство, разбирање, почит на другиот и ценење на различностите.

Објавено на

часот

Сподели

Преку овие активности, Витаминка се надева дека ќе го поттикне позитивниот развој на децата и ќе придонесе кон создавање на посветла иднина за сите.

„Како општествено одговорна компанија, Витаминка преку бројни проекти и иницијативи, се залага за позитивно влијание врз општеството и заедницата.  Едукацијата е само еден сегмент каде треба сите да се вклучиме и каде може да се направат суштински промени. Овој караван посебен акцент става на основните општествени вредности што многу често се забораваат а чие почитување и знаење се одразува на подолг рок и врз целата заедница, посебно кога ќе се научат и прифатат уште од рана возраст“, велат од Витаминка.

Овој уникатен проект е во продукција на Триангл, а сите активности се создадени во консултации со педагози, психолози и едукатори. Во богатото повеќегодишно искуство во доменот на музичко-драмски претстави, Триангл ги користи најдобрите практики за доближување на музичката уметност до најмладите. Со учеството на професионални музичари, освен едукација караванот на Витаминка ќе им овозможи на децата незаборавно искуство, кое ќе ги учи на важни животни лекции и вредности.

Карванот ќе трае до месец мај, при што ќе бидат опфатени 80 предучилишни установи во сите населени места низ државата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ