сабота, 27 јули 2024

Детската клиника доби одобрение за 100 милиони денари да го набави лекот трикафта

Објавено на

часот

Сподели

Од Детската клиника којашто треба да го набави лекот потенцираат дека на 21 ноември е потпишан договорот помеѓу директорите на Клиниката и Алкалоид Конс, а целата количина на лекот се очекува да биде испорачана во првата половина на декември оваа година.

„Со 102 тераписки режими ќе бидат покриени досегашните 12 пациенти кои веќе го примаат лекот за уште два месеци (до април 2024), но лек ќе има и за дополнителни пациенти што ги исполнуваат критериумите за лекот кафтрио во комбинација со калидеко, велат од Клиниката.

Министерството за здравство соопшти дека потсеетува оти во 2023 година со условен буџет на Клиниката за детски болести се обезбеди и се започна терапија кај 12 пациенти со цистична фиброза. Осум од овие пациенти коишто ја почнаа терапијата се следат во оваа јавно-здравствена установа, а останатите четири што ја почнаа терапијата се следат на Клиниката за пулмо-алергологија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ