сабота, 19 октомври 2024

Детската клиника доби компјутери од Амбасадата на Малта

Универзитетската Клиника за детски болести доби донација во компјутери од Амбасадата на Малта во Македонија. Донацијата на опремата во просториите на Клиниката ја предаде амбасадорот Франческо Саверио Џуисти, во присуство на проф. д-р Констандина Кузевска Манева и д-р супспецијалист Весна Мицевска.

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопштија од Амбасадата, на состанокот било договорено дека и во текот на оваа година Амбасадата ќе продолжи како и во минатото да ја поддржува Клиниката.

„Донациите на Амбасадата на Суверениот Воен Ред во Република Северна Македонија претставуваат конкретен и значаен гест во добротворни цели и солидарност, со цел поддршка на младите генерации на македонскиот народ, кои се иднината на земјата. Според повеќе од 900 годишната традиција на Суверениот воен ред на Малта, Амбасадата во Република Северна Македонија најавува спроведување на слични хуманитарни иницијативи и во иднина, со цел да се помогне на најзагрозените и на лицата“, стои во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ