Во мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата, во присуство на неговиот татко Ќ.М.(45), бил извршен службен разговор со малолетник од село Сарај, скопско и со неговиот чичко Б.М.(40) од Сарај.
🚔 Малолетници возат по автопат. Дали ќе има реакција од МВР за ова или пак ќе се премолчи? pic.twitter.com/PcIMYtiPiY
— Патриотско Друштво (@Patrioticlub) August 11, 2024
Насатанот, според МВР, се случил на 10 август околу 14 часот, кога Б.М. го снимал својот малолетен внук додека возел по автопатот Велес – Скопје. Станува збор за камион марка мерцедес, сопственост на правно лице од Сарај.
!Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата во координација со Секторот за компјутерски криминал, инспектор по малолетници од ЕВР Гази Баба, а по претходна консултација со јавен обвинител за малолетници, ќе преземе мерки според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и тоа: против Б.М. по член 317 став 14, против правното лице по член 317 став 12 и став 13, и против малолетникот по член 225 став 9. За настанот е известен и Центарот за социјални работи“, информираа од МВР.