сабота, 27 јули 2024

Дете возело автомобил, направило сообраќајка во која повредени се четири лица од кои две потешко

Објавено на

часот

Сподели

Според увидот на полицијата едното возило било управувано од 13 годишното дете.

„Вчера во 16 часот во СВР Тетово пријавено  е дека на локалниот пат Челопек-Милетино, во  тетовски Челопек, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки. Фолксваген голф управуван од 26-годишниот А.Т. од тетовско Милетино и БМВ што го управувал 13 годишен малолетник од Челопек. Во несреќата, сопатниците од голфот С.Т.(46) и 27-годишната М.Б. од Милетино се здобиле со тешки телесни повреди, а двајцата возачи со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош, информира денеска Марјан Јосифоски“, портпатол на СВР Тетово.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ