сабота, 27 јули 2024

Дете украло автомобил, полицијата го најде и го врати на сопственикот

Полицијата вчера околу 15:45 часот на улица Браќа Ѓиновски во Гостивар лишила од слобода малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека претходниот ден одзел патничко моторно возило пежо 306 со гостиварски ознаки, кое било паркирано на улица Мајор Чеде Филиповски во Гостивар.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти денеска МВР, возилото било најдено и вратено на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде изготвен соодветен поднесок.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ