недела, 19 мај 2024
Тешка сообраќајка во Велес

Дете тешко повредено откако во него удри жена со цитроен

„Во СВР Велес синоќа во 21:55 часот било пријавено дека на главната  улица Благој Ѓорев во Велес, патничко возило цитроен со велешки регистарски ознаки, управувано од 35-годишната велешанка М.Р.  удрило во малолетен пешак. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот“, информира денеска портпаролот на СВР Велес, Билјана Ѓаковска.

Објавено на

часот

Сподели

Таа додава дека по овластување на јавен обвинител извршен бил увид од увидна екипа од СВР Велес.

Како што информира портпаролот на ЈЗУ Општа болница Велес, Марина Андова, малолетникот бил прегледан на Одделот за Радиодијагностика по што било утврдена скршеница на левата потколеница, и по дадената лекарска помош поради тежината на повредата малолетникот бил препратен на Клиниките во Скопје на понатамошно лекување.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ