Според пријавеното, малолетникот се здобил со повредите во забавен парк во с.Ново Село, откако врз него паднал рефлектор. Во врска со настанот од слобода бил лишен Б.К. (40) од Прилеп, се вели во соопштението од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Струмица и по целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.