сабота, 27 јули 2024
Малолетникот пред полицијата го признал делото, а осомничено е уште едно лице

Дете со нож уби дете во Прилеп

Малолетник е сторителот на убиството на 14-годишното момче во Прилеп, потврди Министерството за внатрешни работи. Од таму велат дека со малолетникот бил извршен службен разговор и го признал делото, а е осомничено уште едно лица на возраст од 21 година. Против детето сторител МВР поднесе кривична пријава за убиство. Како што дознаваме неофицијално, на убиството му претходела расправија помеѓу група млади лица, за на крај до смрт да биде избодено момчето кое почина од повредите.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 04.00 часот во с. Сенокос, општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода малолетник и В.Т.(21), двајцата од с. Сенокос, поради сомнение за сторено кривично дело убиство“, соопштија од МВР.

Вчера во 19.37 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на бул. Гоце Делчев во Прилеп било пронајдено лице со повреди, по што билo пренесено во Градска болница Прилеп, каде што лекар констатирал смрт и било утврдено дека се работи за малолетник од Прилеп.

Полициски службеници од ОВР Прилеп заедно со јавен обвинител извршиле увид на местото на настанот, а по судска наредба бил извршен претрес во домот на малолетникот во с. Сенокос, при што биле пронајдени и одземени предмети со кои било извршено кривичното дело.

Со малолетникот бил извршен службен разговор, во кој го признал делото, а по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител против него е поднесена кривична пријава по член 123 од Кривичниот законик.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ