среда, 22 јануари 2025

Дете падна од трети кат во училиште во Прилеп

Ученик од шесто одделение е повреден откако паднал преку прозорец од третиот кат на училиштето „Гоце Делчев“ во Прилеп. Причините за падот и како се случил настанот засега не се познати, а случајот е пријавен во полиција.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според началникот на Итната медицинска помош од Прилеп, Боше Милошески, биле повикани вчера во 14:40 часот, а 11-годишниот ученик бил во полусвесна состојба.

„Веднаш беше прфрлено на Одделот за анестезија во Прилепската болница. Од првичните прегледи се констатира дека има фрактури на едното стапало и сомнеж за скршеници на градните пршлени. Веднаш беше префрлено на лекување на Детската хирургија во Скопје, изјави Милошевски.

Директорот на Детската хирургија Лазо Јовчески информира дека детето е во стабилна состојба, вон животна опасност.

Увид на местото на настанот направила полицијата околу 15 часот и се работи на расчитување на случајот.

Од училишето најавија дека ќе се обратат преку сопштение

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ