сабота, 21 декември 2024
Откако е затворена кујната во училиштето

Дете од „Ѓорѓија Пулевски“ побара помош на Детска клиника, на 140 ученици не им е добро

Деветгодишно дете од Основното општинско училиште „Ѓорѓија Пулевски“ во скопската општина Аеродром, со стомачни тегоби побарало помош на Детската клиника во Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Директорот на Клиниката Реџеп Мемеди вели дека детето било лесно дехидрирано и дека ќе се третира амбулантски.

Претходно, директорот на училиштето Александар Филипчев во изјава за медиумите рече дека од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти или слични симптоми.

„Во раните утрински часови одреден број од наставниците пријавија зголемен број отсутни ученици со исти симптоми. Како училиште веднаш ја затворивме кујната, го спречивме топлиот оброк, дел од учениците од целодневна настава беа испратени дома бидејќи не може да останат долго време без топол оброк. Од 360 ученици кои се хранат во целодневна настава, околу 140 ученици се со исти, слични симптоми“, изјави Филипчев.

Случајот е пријавен до надлежните институции и според директорот на училиштето извршен е вонреден инспекциски надзор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ