сабота, 19 октомври 2024

Дете и жена повредени откако ги удрил автомобил

Вчера околу 21.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на магистралниот пат Штип- Кочани, на влез во с.Чардаклија, штипско, патничко возило даеву мати со штипски регистарски ознаки, управувано од Т.Т.(62), удрило во пешакот Б.Т.(42) и еден малолетник, сите од с.Чардаклија.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, додека со телесни повреди се здобила Б.Т., констатирани во Клиничка болница во Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ