сабота, 27 јули 2024
Ноќна спасувачка мисија

Дете и тројца возрасни спасени вечерва од жичницата на Водно, останале заглавени неколку часа откако снемало струја (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти МВР, првично е пријавено дека лицата биле заглавени во гондола на жичницата, но потоа дошла електрична енергија и лицата стигнале до врвот на Водно, но не постоела можност да се спуштат надолу поради невремето и немањето електрична енергија.

„Веднаш по добиената пријава околу 16 часот, полициски службеници од ЕИП и ЕБР преземаа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници се спуштаат кон Скопје“, се вели во соопштението од МВР.

Во спасувањето на лицата учествувале полициски службеници од Единицата за интервентна полиција, одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје и Единицата за брзо распоредување. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ