Утрото околу 10.50 часот во полициското одделение Петровец, Д.Ј.(83) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на Катлановска бања, скопско, бил каснат од куче скитник.
Пријава за дете каснато од улично куче стасала во 15.15 часот во полициската станица Аеродром. Д.Х.(46) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник. Петнаесет минути подоцна во полициската станица Кисела Вода, Н.Н.(88) од Скопје пријавил дека на ул.„Георги Димитров’“ во Скопје бил каснат од куче скитник.