петок, 26 јули 2024

Детална симулација на потопувањето на рускиот крстосувач „Москва“ (ВИДЕО)

На социјалните мрежи е објавен визуелен опис на еден од највпечатливите настани од почетокот на конфликтот во Украина, потопувањето на рускиот воен брод „Москва“.

Објавено на

часот

Сподели

„Москва“, главниот брод на Црноморската флота на руската морнарица, потоа на 14 април 2022 за време на руската инвазија на Украина.

Украинските власти соопштија дека нивните сили го погодиле и го оштетиле со две противбродски ракети Р-360 „нептун“ и дека бродот потоа се запалил.

На 13 април околу 16 часот операторот на комплексот „нептун“ добил многу неочекувана информација: конвенционалниот радар покажал голема цел на околу 120 километри од брегот. Објект со оваа големина во тој сектор на Црно Море можел да биде само крстосувачот „Москва“, пишува Правда.

Украинските ракетни сили соопштија дека самата природа им помогнала да ја видат руската мета. Бидејќи над морето имало густи облаци, радарските сигнали се одбивале меѓу нив и површината на водата. Правда пишува дека во таквото движење радарот неочекувано го детектирал крстосувачот „Москва“.

Русите биле толку уверени во својата недостапност до украинските сили, според Правда, што веројатно не ги активирале противвоздушните системи. И кога е активирана, противвоздушната одбрана не ја гледа украинската подзвучна ракета, бидејќи таа лета непосредно над водата.

Откако биле испукани ракетите „нептун“, им требале околу шест минути за да стигнат до крстосувачот.

„Никој не знаел дека го погодиле бродот бидејќи оператерите на украинските дронови одбиле да летаат за да го потврдат погодувањето. Над облаците не би виделе ништо, а под облаците сигурно би биле соборени“, објави Правда.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ