среда, 16 октомври 2024
Се судрија две возила, едното се преврте

Детали за тешка сообраќајка во Скопје, повредените патници се од запалената шкода

Вчера околу 20.55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул. Гоце Делчев, на кракот со ул. Лазар Личеновски во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило шкода со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Ѓ.(57) од с.Трубарево, скопско и патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Б.М.(21) од Скопје, при што возилото шкода се превртело и се запалило.

Објавено на

часот

Сподели

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил М.А.(35) од Скопје, сопатник во возилото шкода, додека возачот З.Ѓ. и А.Р(36) и Л.Н.(45) од Скопје, исто така, сопатници во  возилото шкода се здобиле со телесни повреди, констатирани во Кoмплексот клники „Мајка Тереза“.

Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Скопје.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ