„На 05.10.2024 во 20:20 часот пријавено е дека на улицата ‘Цветан Димов’ во Скопје има повредено лице од огнено оружје. Според пријавеното, во повредениот е пукано од возило пасат“, се вели во информацијата од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, а детали ќе следуваат во текот на утрешниот ден по завршување на увидот.