четврток, 26 декември 2024

Дестинација Блед

Објавено на

часот

Сподели

Блед е добра зимска дестинација зашто е блиску до скицентрите Кобла, Вогел и Крвавец, па секој ден би можеле да ги менувате скијачките терени. А и скибилетите се далеку поевтини од оние во соседна Италија, Швајцарија или Австрија.

Ако го посетите Блед, ќе сфатите колку природата била дарежлива кон овој северозападен дел од Словенија. На прв поглед се чини дека Блед е мало место и дека се доволни само неколку дена за да се посетат сите туристички атракции, но тоа не е точно. Понудата е разновидна, а во околината на Блед има уште многу места што вреди да се посетат.

Овој романтичен туристички центар крај езерото со свој остров со црква се наоѓа во близина на терените за скијање Кобла, Вогел и Крвавец. Затоа е добар за зимски туризам. До бледскиот остров се доаѓа со традиционален дрвен чамец, наречен плетно, поради платнениот покрив што ги штити патниците од сонцето. Црквата на островот е позната по своето ѕвоно од 1534. Се вика Ѕвоно на желбите.

Според легендата, на секого што ќе заѕвони на ова ѕвоно Богородица ќе му ја исполни желбата.

Од стариот град се постила извонреден поглед на езерото и целиот град со околината. Во зима најубаво е да се комбинира престојот со скијање, санкање или лизгање, а во лето може да се ужива во мирот и тишината, природата, алпинизмот и велосипедизмот. Низ градот може да си дозволите возење со кочија, која ќе ве врати во минатото.

 

Зимувајте како Тито

 

Не случајно Тито го одбрал Блед за место за одмор. Престојувал во Вила Блед, каде што и денес туристите може да преспијат или само да ја посетат. На нејзиното место некогаш се наоѓал дворецот на австрискиот принц Вундиш, а од 1920 таа била летна резиденција на југословенското кралско семејство. Од неодамна, претседателскиот апартман е реновиран. Но во него сè е останато како што било во времето на Тито.

Хотелот „Гранд Топлице“

Единствен со пет ѕвездички е хотелот „Гранд Топлице“. Обичните смртници сонуваат да преспијат во еден од 33-те луксузни апартмани на овој хотел, кој се огледува од Бледско Езеро. Изграден е во 1854, а денешниот изглед го задржал од 1931 година, па оттука е и полн со мистичност кон минатото. Поевтина варијанта се хотелите со четири ѕвездички „Парк“ и „Голф“, кои нудат програми на масажи, антицелулидни програми, термални бањи и спа-центри.

 

Легендата вели…

Хотелот „Голф“

Ледниците на Јулиските Алпи со векови тагуваат за времето кога го владееле огромниот планински масив. Нивните кристални солзи, вели легендата, долго се слевале во малата котлина и така го создале магичното езеро. Во тоа езеро живеела старословенската божица, а вилите биле оние што се грижеле да не се промени бајковитата природа. Во 1004 германскиот цар Хенри Втори му го подарил езерото на бриксеничкиот бискуп Албуин, а неговите следбеници ја изградиле монументалната тврдина и дворецот на непристапниот гребен над источниот брег. Така настанал средновековниот град Блед. Денес Блед е заштитен знак на словенечкиот туризам, а убавините на овој крај ги привлекуваат луѓето од цела Европа. Се наоѓа на 475 метри надморска височина и е идеално место за одмор преку целата година. Во лето температурата на езерото достигнува до 24 степени, па може да се плива, а под стариот град има и средена градска плажа, опкружена со пасторална шума.

 

Деликатесното месо од срна

Што да дегустирате ако сте таму

 

Ако сте зимава токму таму, не заборавјте да пробате од дивечот. Специјалитети се месото од коњ, дивата свиња и срнечкото месо, кое се сервира со малку џем, а нема ручек што не завршува со кремпита – таа, всушност, и е измислена на Блед. На скијалиштата се нудат колбаси, а неретко и пред бачилата се врти дивеч на ражен.

Кремпитата е измислена на Блед

Скикартите се купуваат и на часови, односно на онолку време колку што сакате да скијате, и во тоа

Словенците се многу напред во практичноста. Забавата за деца ветува многу. Затоа оваа дестинација ги привлекува најмногу семејните луѓе. Ноќе, пак, во хотелот „Голф“ може да ги гледате ѕвездите од отворениот базен со топла вода.

 

 

Jасмина Kантарџиева

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ