петок, 26 јули 2024

Деспотовски: Време е да им се вратиме на победите

Македонската репрезентација до 21 година денеска ги почнува подготовките за двата квалификациски меча за пласман на ЕП 2025, дуелите против Гибралтар и Шведска.

Објавено на

часот

Сподели

На 21. март играме против Гибралтар, а пет дена подоцна со Шведска. Двата меча се играат на националната арена „Тодор Проески“.

Стандардниот репрезентативец и член на Работнички, Стефан Деспотовски смета дека е време да им се вратиме на победите по серијата порази.

„Со нетрпение ги очекуваме дуелите со Гибралтар и Шведска. Играме на домашен терен, што претставува позитивна работа за нас. Сакаме да покажеме дека победата над Шведска во првото коло не беше случајна. Најпрво треба да одиграме меч со Гибралтар. Фокусирани сме максимално на тој меч кој мораме да го добиеме“, вели Деспотовски.

„Овие квалификации ги започнавме одлично, со големата победа над Шведска на гостински терен, но се случи пад во нашата игра и забележавме три порази во серија. На некои натпревари среќата воопшто не ни се насмевна. Одигравме добар дуел со фаворитот во групата, Холандија, но на крајот несреќно загубивме. Молдавија од два обиди успеа да постигне два гола. Ги оставаме овие натпревари позади нас, ни претстојат два меча во кои мораме да покажаме голема желба за победа. Треба да покажеме и потрвдиме дека сме силна репрезентација која располага со квалитет. Се надевам дека ќе почнеме да остваруваме позитивни резултати“.

„Имаме игра, создаваме шанси, располагаме со цврстина и квалитет, се со што би требало да ја краси една квалитетна репрезентација. Мислам дека треба да бидеме многу поефективни и помудри во завршницата на акците и за да ги реализираме шансите со погодок“.

„Имаме одлична атмосфера во репрезентацијата. За сите нас преставува огромна чест и задоволство да се носи овој дрес. Со нетпрение очекуваме повторно да го облечеме дресот со државен грб и да излеземе пред нашите навивачи. Време е да се вратиме на победничките патеки“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ