сабота, 27 јули 2024
Пред изборите за лидер на СДСМ

Деспотовски повторно ги повика противкандидатите на јавна дебата

Кандидатот за претседател на СДСМ на изборите што треба да се одржат на 30 јуни, Јован Деспотовски, упатни нов повик до противкандидатите Венко Филипче, Славјанка Петровска и Александар Бајдевски за јавна дебата и соочување на програмите за реформи во партијата.

Објавено на

часот

Сподели

Депсотовски вели дека неговиот нов повик доаѓа како одговор на бројните барања од луѓето од цела Македонија со кои се среќава и зголемениот интерес од медиумите.

„Нема од што да бегаме, а само преку отворен и транспарентен пристап можеме на луѓето да им дадеме можност да бираат идеи и концепти, а не однапред сервирани решенија.

Охрабрувачки е да се види дека моите колеги активно ги промовираат клучните точки од мојата реформска програма, особено реформата со која се воведува директен избор на клучните луѓе на партиски позиции преку непосредни избори што го промовирав уште пред три години. Силата е во членството. Нема сервирање ‘готови кадри’ туку членството ќе бира кој ќе ги претставува. Ова е единствениот начин како градоначалникот и пратеникот да бидат одговорни кон луѓето а не кон лидерот.

Гледам дека сега консензуално ги прифаќаат, па сметам дека на една јавна дебата треба отворено да видиме кој каков план има да ги спроведе, како и да си ги споделат и своите идеи за кои ќе се залагаат.

Јавното соочување е нешто за што секогаш сме се залагале и за кое секогаш сме имале храброст да го бараме од нашите политички противници. Со јавната дебата ќе покажеме дека сме отворени и посветени на фер процес, во кој информацијата, можноста, идејата ќе дојде до што е можно поширок круг на наши членови, а не само на тесен избор на партиски структури.  Процесот на избор на претседател на СДСМ е се освен прашање/право на затворен круг на луѓе.

Подготвен сум да се прилагодам на потребите на останатите кандидати во однос за форматот, времето и местото што ќе го одберат“, напиша Деспотовски во повикот до противкандидатите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ