петок, 26 јули 2024
По катастрофалниот изборен пораз

Деспотовски пикира на лидерската позиција во СДСМ, не се согласувал со политиката на Ковачевски, нуди нов концепт

„Уште пред три години кога понудив поинаков концепт и се кандидирав за претседател јасно кажав дека не се согласувам со патот по кој тргна СДСМ. Повторно мотивиран и сега, заедно со еден посветен тим наши другари, но и лица што досега не биле во политиката, работиме на концепт кој се заснова на ‘ние’, а не на ‘јас’. Денес сум решен тој нов концепт да го претставиме, да го одбраниме и потоа заедно со сите искрени членови и поддржувачи да се бориме за негово  спроведување“, вели Јован Деспотовски практично најавувајќи дека ќе се обиде да заастане на лидерската позиција во СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

Јован Деспотовски, член на СДСМ и директор на ТИРЗ во изјава за МИА вели дека по дебалкот на изборите е убеден дека на партијата ѝ треба радикален дисконтинуитет со досегашните политики, начинот на кој биле спроведувани, но и со кадровските решенија.

„Јасна е пораката од членовите и граѓаните. Затоа ги повикувам партиските другари од актуелното раководство да преземат одговорност и да го затвориме тоа прашање без понатамошно одложување. Да се даде предност на СДСМ пред личните желби и амбиции. Во спротивно како ќе им покажеме на граѓаните дека сме ја слушнале и разбрале пораката што ни ја испратиле ако повторно им се понуди она за што рекле јасно НЕ. Сега треба да размислуваме за денот понатаму. На СДСМ му е потребен нов концепт и решение за повторно раѓање“, смета Деспотовски.

„Нашиот концепт обединува а не фаворизира, концепт во кој ќе му се чуе гласот на секој еден и ќе има место за сите кои искрено ќе се вложат во партијата повторно да го врати интегритетот и местото што го заслужува“, вели Деспотовски.

Инаку, претходно, министерката за одбрана во заминување Славјанка Петровска најави дека е можно да се кандидира за претседател на СДСМ. Меѓу можните кандидати покрај неа и Деспотовски се спомнува и Венко Филипче, па дури и дека е можно Зоран Заев да се обиде да се врати на лидерската позиција во партијата. Во медиумите се споменува и името на Оливер Спасовски, но партиски извори велат дека тој како поранешен министер на полицијата би имал мали шанси, исто како што поради таа причина се изјалови неговата амбиција да биде кандидат за претседател на државата.

Димитар Ковачевски неделава ја поднесе својата оставка, а во образложението одговорноста за катастрофалниот изборен пораз ја сподели со одговорноста на целото раководство, од највисоко до локално ниво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ