сабота, 19 октомври 2024

Деспотовски: Новата германска инвестиција е дело на сите граѓани на Македонија, а не не СДСМ или на ВМРО-ДПМНЕ

Внимателно ја следам дискусијата и изјавите во јавноста поврзани со новата германска инвестиција во Македонија. Две работи за денес: прво, инвестицијата не е ниту на ВМРО-ДПМНЕ, ни на СДСМ, туку на сите граѓани на Македонија, се вели во реакцијата на Јован Деспотовски, поранешен директор на ТИРА на денешните информации на од премиерот Мицкоски и реакцијата на Фатмир Битиќи од СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Второ, во однос на соопштението кое е напишано од моменталната раководна структура на СДСМ.
Не може да се бориме со ‘присвојување’ на вистината со тоа што ќе креираме ‘своја вистина’ за работи за кои целокупната јавност беше сведок пред само една година.
Водечка улога во носењето и реализацијата на оваа инвестиција има тимот на ТИРЗ кои работеа посветено и професионално, и затоа оваа нова инвестиција е инвестиција за сите граѓани на Македонија, а не на политички партии“, се вели во реакцијата на Деспотовски.
Мицкоски денеска ја најави новата германска инвестиција за производство на литиумски батерии, на што реагираше СДСМ со информација дека оваа инвестиција е дело на поранешниот вицепремиер Фатмир Битиќи.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ