сабота, 27 јули 2024

Деспотовски не се согласува со патот по кој тргна партијата и најавува кандидатура за претседател на СДСМ

Ни јас не би гласал за некој што ветува, но имате впечаток или не сте сигурни дека тоа ќе го испочитува, рече Јован Деспотовски, актуелниот директор на Технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), член на СДСМ и потенцијален кандидат за нов лидер на партијата, анализирајќи ги причините за изборниот пораз на СДСМ.

Објавено на

часот

Сподели

„Се создаде впечаток дека СДСМ не е доволно моќен во рамките на својата влада, каде што е најголем, каде што е најјака политичка партија, да наметне политика и да ја спроведе таа агенда. Луѓето не би гласале, јас не би гласал за некој што ветува, но имате впечаток или не сте сигурни дека ќе го испорача. Во голема мера политиките и агендата не беа секогаш наши. Но, вината не треба да ја гледаме во други, туку исклучиво во СДСМ“, истакна Деспотовски за ТВ Сител.

Коментирајќи ја оставката на Димитар Ковачевски од лидерската позиција, Деспотовски рече дека очекува „и останатите носители на функции во рамки на партијата да го следат истиот чекор, за да се растовари дискусијата во рамки на партијата од темата одговорност и да преминеме директно на прашањето поврзано со причините“.

Паралелно на ова, партиските органи треба да организираат гласање за нов претседател на партијата.

На прашањето дали повторно би се кандидарал за претседател на партијата, Деспотовски рече дека веќе работи со посветен тим на разработка на концепт, односно програма за тоа како партијата треба да продолжи понатаму.

„Сега не е момент кога треба да исполнуваме лични амбиции и цели. Не треба да зборуваме за ‘јас’,  концептот што се подготвува зборува за ‘ние’. Тој концепт обединува, не фаворизира никого. Ни треба концепт и програма. Не е доволно да зборуваме за мене, треба да зборуваме за сите нас како ќе продолжиме понатаму“, истакна Деспотовски.

Освен Деспотовски и министерката за одбрана во заминување Славјанка Петровска најави дека е можно да се кандидира за претседателка на партијата. Тука е и Венко Филипче, Оливер Спасовски, Стефан Богоев, Игор Ивановски…

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ