сабота, 27 јули 2024

Деспотовски најави дека ќе ја трча трката за избор на претседател на СДСМ

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски преку својот фејсбук-профил најави дека ќе се кандидира за претседател на СДСМ. Неговата објава доаѓа само неколку часа откако СДСМ официјално ја извести јавноста дека од денека можат да се поднесуваат канддатури за лидерската позиција во партијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе се кандидирам за претседател на партијата, овие избори не треба да се сведат на пазарење, туку на натпревар на концепти и идеи и да им се овозможи на луѓето да се изјаснуваат без притисок и без пазарење. Верувам дека на партијата, покрај длабоки реформи, ѝ е потребен лидер кој ќе обединува“, вели Деспотовски во својата објава.
Тој додава дека обединувањето на партијата треба да почне веднаш, но нагласува дека не треба тоа да биде преку договарање на струтурите и додава дека пазарењето е погрешен пристап.
„Треба да се обединиме околу целта, да имаме еден процес во којшто на  сите членови на партијата ќе им дадеме право, без фаворизирање и без странични игри, самостојно да се изјаснат за програмите кои треба сите кандидати да ги понудат“, напиша Деспотовски.
Инаку, можност да се кандидира најави и досегашната министерка за одбрана Славјанка Петровска.
СДСМ по синоќешниот состанок на Централниот одбор денеса објави дека од денес па до 6 јуни секој член на партијата со најмалку пет години стаж и кој најмалку еднаш бил избран од страна на Конгресот за член на некој од органите на партијата. 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ