петок, 8 ноември 2024

Десетте најбогати луѓе во светот од средата се многу побогати

Богатството на десетте најбогати луѓе во светот порасна за рекорден износ по победата на Доналд Трамп на претседателските избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Со листата на десетте најбогати луѓе во светот доминираат американските технолошки. Индексот на милијардери на Блумберг проценува дека 10 најбогати луѓе во светот во средата заработиле речиси 64 милијарди долари, што е најголем дневен пораст од воведувањето на индексот во 2012 година.

Илон Маск, најбогатата личност во светот, забележал најголем раст. Тој додал 26,5 милијарди долари на своето богатство, кое сега изнесува 290 милијарди долари. Истакнатиот поддржувач на кампањата на Трамп профитирал од скокот на акциите на Тесла, компанијата за електрични автомобили во која е извршен директор и поседува 13 отсто од акциите.

Растот на богатството на најбогатите е резултат на растот на цените на акциите на американските берзи бидејќи инвеститорите очекуваат Трамп да ги намали даноците и да ги тргне регулативите, пишува Гардијан.

Џеф Безос, основачот на Амазон и втор најбогат човек во светот, додал уште 7 милијарди долари на своето богатство од речиси 230 милијарди. Лари Елисон, претседателот на софтверската компанија Оракл и традиционален поддржувач на републиканците, го зголемил своето богатство за 9 милијарди долари и сега „тежи“ 193 милијарди.

Останатите членови на листата на 10 најбогати чие богатство пораснало се коосновачот на Мајкрософт Бил Гејтс, поранешниот извршен директор на Мајкрософт Стив Балмер и коосновачите на Гугл Лари Пејџ и Сергеј Брин.

Интересно е тоа што Трамп во кампањата изразуваше фрустрации од Гугл. Така во септември се закани дека ќе му наложи на министерството за правосудство да поднесе кривични пријави против компанијата ако тој не победи на изборите. Тврдеше дека Гугл прикажува негативни написи за него, но не и за неговата противничка Камала Харис.

Единствениот член на богаташката елита кој во средата изгубил пари е францускиот тајкин Бернар Арно, чие богатство се намалило за речиси 3 милијарди долари. Богатството на Марк Закерберг не се зголемило. Претприемачот го предизвика гневот на Трамп и новоизбраниот американски претседател во август му се закани со доживотна затворска казна поради наводниот заговор против него на изборите во 2020.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ