сабота, 19 октомври 2024
За два дена

Десетина пораки за насилство на електронската адреса на МОН

Објавено на

часот

Сподели

„Со отворањето на електронската адреса, Министерството за образование и наука воспоставува брз, доверлив и безбеден начин, преку кој учениците, родителите и граѓаните можат да пријават инциденти, како дел од системот за идентификување и запирање на непосакуваните однесувања. Секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“, соопштија од МОН.

Училиштата, се подвлекува во соопштението, мора да бидат безбедна средина каде ќе се одвива воспитно-образовниот процес. Затоа, Министерството за образование и наука ќе и предложи на Владата итна проценка на состојбите и безбедносните ризици, со цел намалување на сите можни ризици и закани за безбедноста на учениците и наставниците во училишна средина.

Министерството веќе изработува протоколи и насоки за стручните служби на училиштата и наставниците, поврзани со употребата на социјалните мрежи во училишна средина.

„Во консултација со експертската заедница, дополнително ќе ги зајакнеме превентивните програми за борба против булингот, промовирајќи дијалог и ненасилство како клучни елементи во образованието и развојот на децата и младите. За да успееме во активностите за заштита и правилен развој на нашата младина, ги повикуваме и родителите да земат активно учество, воспитувајќи ги своите деца на толеранција, ненасилство како и почитување и разбирање за различните од себе. Само со заеднички напори на сите чинители во воспитувањето и образувањето на децата можеме да се избориме за здрава младина и безбедни училишта“, соопштија од Министерство за образование и наука. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ