понеделник, 13 јануари 2025

Десетици илјади протестираа во Букурешт против откажаните претседателски избори

Десетици илјади Романци незадоволни од откажувањето на претседателските избори денеска маршираа низ Букурешт барајќи да се одржи вториот круг од претседателските избори и претседателот во заминување Клаус Јоханис да поднесе оставка.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Протестот беше организиран од опозициската десничарска Алијанса за обединување на Романците (АУР), втора по големина партија во Романија, пренесува Ројтерс.

„Бараме враќање на демократијата со продолжување на вториот круг од изборите“, изјави лидерот на АУР, Ѓорѓе Симион за новинарите.

Организаторите соопштија дека на протестот присуствувале 100.000 луѓе, додека полицијата проценува дека имало околу 20.000.

Демонстрантите носела транспаренти на кои пишуваше „Слобода“ и „Врати го вториот круг од изборите“.

Врховниот суд на Романија ги поништи претседателските избори на 6 декември, два дена пред вториот изборен круг.

Откажувањето на вториот круг од изборите се случи откако државните документи покажаа дека лидерот Калин Ѓорѓеску, критичар на НАТО, има корист од нефер кампањата на социјалните мрежи, наводно, организирана од Русија, тврдење кое Москва го негира.

Судот наложи изборите да се повторат во целост.

Проевропската коалициска влада допрва треба да го одобри изборниот календар, иако лидерите на партиите се согласија да се одржат два круга на 4 и 18 мај.

Јоханис, чиј мандат истече на 21 декември, ќе остане на функцијата до изборот на неговиот наследник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ