сабота, 27 јули 2024

Десетици илјади луѓе се евакуирани по поплавите во Русија, врвот допрва се очекува (ВИДЕО)

Врвот на поплавите во рускиот регион Курган, кој се протега преку реката Тобол, во близина на границата со Казахстан, се очекува денеска, по драматичното зголемување на нивото на водата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Повеќе од 7.100 луѓе вчера биле евакуирани од неколку стотици станбени згради кои биле поплавени.

Агенцијата РИА, повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации, јавува дека зголеменото ниво на водата во Курган е закана за 62 населени места и 4.300 домови.

Во соседен Казахстан, каде што повеќе од 108.000 се евакуирани од почетокот на поплавите минатата недела, водата поплави повеќе од 1.000 домови во градот Петропавловск во неделата, принудувајќи евакуација на повеќе од 4.500 луѓе.

Големите реки се излеаја од коритата по историските поплави поради топењето на снегот. Реката Тобол забележа зголемување на нивото на водата за 23 сантиметри во рок од четири часа, соопштија локалните власти на областа Курган во Уралскиот федерален округ.

Тобол вообичаено е замрзнат од ноември до април, но годинава поради невообичаеното големо количество стопен мраз и снег, реките толку се надојдени што се излеале, а рекордни поплави се забележани на Урал и Казахстан.

Во регионот Курган ситуацијата дополнително е влошена поради обилните врнежи.

Поплавите потопија и куќи во областа Томск, во југозападниот дел на Сибир. Според последните информации, таму под вода се 140 куќи, а евакуирани се 84 лица.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ