сабота, 27 јули 2024

Десет милиони евра мито за монопол

Објавено на

часот

Сподели

Првичната сума, како што јави телевизијата, за која требало да се спроведе протоколот за соработка меѓу Маѓар телеком и тогашната влада изнесувала 10 милиони евра, од кои на политичарите им биле исплатени 4,85 милиони.

Според Канал 5, за оваа сума не само што требало да се одложи влегувањето на трет мобилен оператор, туку и да се обезбедат регулаторни бенефиции за Македонски телеком, а воедно и да се одложи донесувањето на законот за електронски комуникации.

Канал 5 тврди дека целата посредничка улога меѓу Маѓар телеком и Владата се одвивала преку Михалис Кефалојанис, кој минатата година дал исказ пред истражен судија, по што обвинителството престанало кривично да го гони.

Досега нема одговор од обвинителството зошто кренало раце од случајот „мито за монопол“. Нема информации ни за тоа дали Кефалојанис ги навел и имињата на политичарите и начинот на кој бил спроведен протоколот за соработка, кој американската агенција за хартии од вредност го оценува како нелегален според македонските и меѓународните закони.

Последната негова адреса во Атина е Кифисијас 117, но таму

Атила Сендреи еден од обвинетите во аферата „мито за монопол“

ништо не упатува дека има станбена зграда, а ниту во деловниот објект  се наоѓа седиштето на кипарската фирма Чаптекс Холдинг Лимитед, преку која на македонските политичари им биле исплаќани парите.
Американскиот граѓански суд по барање на комисијата за хартии од вредност ќе поведе судска постапка против Штрауб, Балог и Морваи, првите луѓе на филијалата на Дојче телеком поради штета направена врз акционерите на Дојче телеком во Америка.
Во Македонија обвинение е поведено против Атила Сендреи, Ролф Плати и Золтан Кишјус. Едно рочиште е одложено, а следното е закажано за 15 февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ