сабота, 27 јули 2024
Фудбалерите на Јувентус и Интер морале да се тушираат дома

„Дербито на Италија“ со балкански услови: На „Алиjанц“ немало топла вода за туширање! 

Објавено на

часот

Сподели

Синоќа на програмата во Серија А беше „Дербито на Италија“, Јувентус во Торино го пречека лутиот ривал Интер.

Натпреварот заврши нерешно, Влаховиќ го отвори резултатот, а неколку минуди подоцна Лаутаро Мартинез изедначи на 1-1 и поделба на бодовите.

Газета дело Спорт сега пишува за необична ситуација по крајот на натпреварот, во соблекувалните немало топла вода за туширање поради дефект на „Алијанц“ Арена.

Па фудбалерите на Јувентус и Интер биле приморани да се тушираат по враќањето во свите домови.

Ваквите проблеми можеби се честа појава во Македонија и на Балканот, но е несекојдневие во елитниот фудбал.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ