сабота, 27 јули 2024

Дерби на ЕП: светскиот првак Франција против бронзената Шпанија

Објавено на

часот

Сподели

„Триколорите“ повторно предводени од својата прва ѕвезда Никола Карабатиќ се главни фаворити за да ја продолжат доминацијата во ракометот со ново злато од големите турнири, па Шпанците се еден од неколкуте тима што ќе се обидат да им застанат на патот на „галските петли“ и да ја прекинат нивната серија.

Се очекува ракометно уживање во салата во Нови Сад, каде уште ќе играат и Унгарија против Русија во вториот дуел од оваа „група на смртта“. Дербито е закажано за 18.15 часот, додека вториот дуел ќе се игра од 20.15 часот.

Во Д групата во Вршац, Хрватска, финалист од последното ЕП во Австрија пред две години игра против бронзената од тоа ЕП, Исланд. Ова е дуел на кој двата тима ќе бидат без своите најдобри играчи, Хрватите без Ивано Балиќ, кој е повреден и ќе ја прескокне оваа фаза, а Исланѓаните без Олафур Стефансон.

Норвешка против Словенија ќе играат од 18.10 часот, додека Хрватска и Исланд ќе се сретнат два часа подоцна.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ