вторник, 14 јануари 2025

Депресијата покрај емоционални предизвикува и физички проблеми

Депресијата е нарушување на мозокот што може да доведе до голема емоционална болка. Но, промените во начинот на кој функционира мозокот исто така може да имаат големо влијание врз телото.

Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Депресијата придонесува за широк спектар на физички проблеми кои влијаат на многу делови од телото, од срцето до имунолошкиот систем, пренесува ВебМД. Некои болести можат да предизвикаат и депресија, создавајќи маѓепсан круг од кој е тешко да се излезе.

Депресијата влијае на здравјето на многу повеќе начини отколку само на расположението. Ова се некои од најчестите физички симптоми на депресија: зголемена болка, што се јавува кај приближно две од три лица со депресија, хроничен замор, намалено либидо, намален апетит, несоница, недостаток на длабок сон или прекумерно спиење и други.

Промените во мозокот влијаат на многу телесни системи. На пример, абнормалното функционирање на некои невротрансмитери како што е серотонин може да го промени прагот на болка. Ова значи дека станувате почувствителни на болки, особено во грбот.

За жал, физичките симптоми на депресија често се игнорираат. Некои истражувања покажаа дека проблемите со спиењето, заморот и здравствените проблеми се сигурни показатели за депресија кај постарите возрасни лица. Но овие знаци често рутински се отфрлаат како природен дел од стареењето.

Депресијата го зголемува ризикот од бројни болести и други состојби со зголемување на нивото на хормоните на стрес како кортизол или адреналин.

Депресијата може да влијае на имунолошкиот систем, што му отежнува на телото да се бори против инфекции. Некои вакцини може да бидат дури и помалку ефикасни кај постарите луѓе со депресија. Депресијата е поврзана и со болести на срцето.

Сите овие промени може да доведат до маѓепсан круг кој е тешко да се прекине без лекување на депресијата и други болести.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ