сабота, 27 јули 2024
НБА

Денвер третпат ја победи Минесота, трипл-дабл на Јокиќ (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Денвер одлично го почна плејофот, дојде и до гостински триумф над Минесота и потребна им е само уште една победа за пласман во конференциското полуфинале. 

Домаќините имаа водство само во текот на првиот период, потоа Денвер го сврте резултатот и ја одржуваше позитивата до крајот за победа од 120-111. Никола Јокиќ запиша трипл-дабл со 20 поени, 12 асистенции и 11 скокови, поефикасен од него во Денвер беше Портер со 25 поени. Најдобар на мечот беше кошаркарот на Минесота, Едвардс со 36 поени, Таунс постигна 27.

Њујорк лесно, со 20 поени разлика го совлада Кливленд и поведе со 2-1 во серијата. 99-79 беше конечниот резултат на мечот. Брансон со 21 поен беше најефикасен во победничкиот тим, Барет даде 19 поени. Во составот на Кливленд, Мичел постигна 22 поени.

Атланта предводена од Тре Јанг дојде до победа од 130-122 над Бостон и намали на 1-2. Јанг постигна 32 поени, имаше и девет асистенции. Во тимот на Бостон најдобар беше Тејтум со 29 поени и 10 скокови.

Резултати: Атланта – Бостон 130-122 (1-2), Њујорк – Кливленд 99-79 (2-1), Минесота – Денвер 111-120 (0-3)
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ