сабота, 27 јули 2024

Денвер со пораз ја отвори серијата против Минесота (ВИДЕО)

Актуелниот шампион Денвер ја загуби предноста на домашен терен откако во првиот меч доживеа пораз од Минесота со 106-99.

Објавено на

часот

Сподели

Ентони Едвардс беше незадржлив, ѕвездата на Минесота имаше свое шоу кое на крајот им ја донесе победата на гостувањето кај Денвер.

Минесота тргна фуриозно, имаше предност од 18-4 на стартот, но Денвер се разбуди, го сврте мечот и ја доби првата четвртина со 25-23. Во продолжението постојано беше изедначено, финишот им припадна на гостите кои дојдоа до триумф со 106-99.

Едвардс постигна 43 поени, Таунс со 20 поени беше следниот најефикасен во составот на Минесота. Кај Денвер Јокиќ реализираше 32 поени, имаше девет асистенции и осум скока.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ