сабота, 27 јули 2024
НБА

Денвер со мислите е во плејофот, но добро го испоти Феникс (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Јокиќ, Мареј и уште неколку кошаркари на Денвер ги полнат батериите за плејоф, но тимот и без нив прикажа одлична партија против Феникс. Дурент и соиграчите добро се испотија за да дојдат до триумф од само четири разлика.

Најефикасен на мечот беше кошаркарот на Денвер, Браун кој постигна 31 поен, кај Феникс најдобар беше Дурент со 29 поени, Пол реализираше 25.

Оклахома со 114-98 победи на гостувањето кај Јута. Ова е лоша вест за Далас кој чека кикс на тандер. Жилжус Александер со 22 поени беше најдобар кај Оклахома, Дан кај Јута постигна исто толку поени. 

На Оклахома ѝ остана уште еден меч, на свој терен против Мемфис, ако го добие, Далас нема да игра во плејин без разлика што ќе направи на своите два преостанати меча.

Резултати: Орландо – Кливленд 94-118, Филаделфија – Мајами 101-129, Сан Антонио – Портланд 129-127, Јута – Оклахома 98-114, Феникс – Денвер 119-115.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ