На четири минути пред крајот на третата четвртина Далас имаше предност од 86-67, но и покрај големата позитива не успеа да го добие мечот.
Денвер имаше фантастичен финиш на мечот, не само што направи пресврт, туку на крајот и убедливо победи со 112-101.
Далас на овој меч беше без своите главни ѕвезди, Лука Дончиќ и Кајри Ирвин, во нивниот состав Клеј Томпсон беше најдобар со 25 поени.
Во победничкиот тим најефикасен беше Вестбрук со 21 поен, 10 скокови и 7 асистенции, Јокиќ мечот го заврши со 19 поени, 18 скокови и 9 асистенции.
Резултати:
Њујорк – Милвоки 140-106
Далас – Денвер 101-112
Чикаго – Сакраменто 119-124
Вашингтон – Оклахома 95-136
Орландо – Филаделфија 99-95
Кливленд – Индијана 93-108
Бостон – Њу Орлеанс 120-119
Јута – Бруклин 112-111
Феникс – Шарлот 120-113