сабота, 19 октомври 2024

Денвер подобар од Индијана, на Јокиќ му недостасуваше асистенција за трипл-дабл! (ВИДЕО)

Денвер оствари уште една победа откако со 117-109 ја совлада Индијана, Никола Јокиќ беше покус за една асистенција за да оствари нов трипл-дабл.

Објавено на

часот

Сподели

Српскиот кошаркар беше најдобар во својот тим, постигна 25 поени, имаше 12 скокови и девет асистенции. Уште дури двајца кошаркари на Денвер имаа по 25 поени, Мареј и Портер, а одличен беше и Гордон со 20 поени и 10 скокови. Најдобар во составот на Индијана беше Браун со 18 поени.

Интересно беше на дуелот меѓу Милвоки и Сакраменто кој го добија домаќините по продолжение со 143-142. Резултатот во регуларниот дел беше 128-128.

Кај Милвоки Лилард беше најефикасен со 29 поени, Адетокумбо имаше трипл-дабл со 27 поени, 10 скокови и 10 асистенции. Најефикасен на мечот беше Фокс од Сакраменто со 32 поени.

Резултати:
Денвер – Индијана 117-109
Мајами – Шарлот 104-87
Милвоки – Сакраменто 143-142
Минесота – ЛА Клиперс 109-105
Портланд – Феникс 116-127

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ