сабота, 27 јули 2024
НБА

Денвер победи, Далас доживеа дебакл во Јута (ВИДЕО)

Шампионот Денвер се израдува на нов триумф откако на свој терен го совлада Шарлот со 111-93, Далас загуби на гостувањето кај Јута со дури 37 поени разлика, домаќините го добија мечот со 127-90.

Објавено на

часот

Сподели

По поразот од Оклахома, Денвер брзо им се врати на победите откако го совлада Шарлот. Клучна беше третата четвртина која Нагетс ја добија со 40-17. Конечниот резултат гласеше 111-93.

Најефикасен во составот на Денвер беше Мареј со 25 поени, Јокиќ беше дури четврти стрелец со 13 поени, имаше и 11 скокови. Најдобар кај Шарлот беше Бриџис со 26 поени.

Далас доживеа тежок пораз на гостувањето кај Јута, загуби со дури 37 разлика, 127-90. Дончиќ беше најдобар во својот тим, но беше под своето поентерско ниво, постигна 19 поени, имаше и 14 асистенции. Најефикасен кај Јута беше Фонтечио со 24 поени.

Резултати:
Њујорк – Минесота 112-106
Торонто – Кливленд 124-121
Хјустон – Детроит 136-113
Милвоки – Индијана 113-122
Денвер – Шарлот 111-93
Феникс – Портланд 109-88
Јута – Далас 127-90
ЛА Клиперс – Мајами 121-104

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ