сабота, 27 јули 2024

Денвер одигра шампионски во Минесота и врати еден брејк (ВИДЕО)

Кошаркарите на Денвер се вратија во живот откако победија на гостувањето кај Минесота со 117-90 и намалија на 1-2 во полуфиналето од плејофот во западната конференција.

Објавено на

часот

Сподели

За разлика од првите два меча кои ги играше на домашен терен, Денвер овојпат беше на многу повисоко ниво. Шампионот уште од стартот покажа дека е подготвен за одличната Минесота.

Денвер постојано имаше водство, победата во ниту еден момент не му беше загрозена, на крајот славеше со 117-90.

Никола Јокиќ за една асистенција не комплетираше трипл-дабл, постигна 24 поени, имаше 14 скокови и девет асистенции. Одличен на овој меч беше и Мареј со 24 поени, Портер постигна 21. Во составот на Минесота, најдобар беше Едвардс со 19 поени.

За разлика од серијата меѓу Денвер и Минесота каде екипите победуваат на гости, на дуелот меѓу Индијана и Њујорк се користи домашниот терен.

Индијана го совлада Њујорк со 111-106 и намали на 1-2 во серијата. Клучна за победата беше последната четвртина во која гостите постигнаа само 16 поени, ја загубија предноста и овозможија триумф на домаќините.

Халибартон со 35 поени беше најдобар кај Индијана, во составот на Њујорк Дивинченцо реализираше исто така 35 поени.

Резултати:
Индијана – Њујорк 111-106 (1-2)
Минесота – Денвер 90-117 (2-1)

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ