сабота, 27 јули 2024
НБА

Денвер го победи Лејкерс и во Лос Анџелес и дојде на чекор до историја (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Денвер водеше речиси во целиот тек на натпреварот и заслужено дојде до овој исклучително важен триумф кој ги донесе на победа до клупска историја.

Џемал Мареј имаше брилијантно прво полувреме во кое постигна дури 30 поени, но го снема во вториот дел, во до крајот на мечот постигна уште седум поени и натпреварот го заврши со 37, тој беше најефикасен на паркетот. Јокиќ постигна 24 поени, имаше брилијантна последна четвртина, истапи кога се одлучуваше мечот. Србинот не играше во третиот период бидејќи набрзина направи четири лични грешки, па тренерот реши да го поштеди.

Ентони Дејвис беше најдобар во составот на Лејкерс постигнувајќи 28 поени, имаше и 18 скокови, Леброн Џејмс реализираше 23 поени, запиша и 12 асистенции, Ривс исто така имаше 23 поени.

Следниот натпревар се игра исто така во Лос Анџелес, Денвер ја има првата меч топка.


 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ