сабота, 27 јули 2024
НБА

Денвер го освои „Западот“, Јокиќ е МВП во конференциското финале (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Денвер за првпат во историјата ќе игра во големото НБА финале откако го победи Лејкерс во серијата за трофејот од западната конференција.

Вчерашниот натпревар почна одлично за Лејкерс, првото полувреме го добија со 73-58. Но работите се променија во третиот период кој беше клучен за крајниот исход. Во тие 12 минути Денвер направи 20 разлика, ја доби четвртината со 36-16 ги го сврте мечот во своја полза. На крајот триумфираше со 113-111.

Никола Јокиќ запиша уште еден трипл-дабл, имаше 30 поени, 14 скокови и 13 асистенции, Мареј постигна 25 поени, а Гордон 22. Леберон Џејмс имаше одлична партија постигнувајќи 40 поени, имаше и десет скокови и девет асистенции, Дејвис постигна 21 поени, имаше и 14 скокови.

Денвер повеќе од заслужено го доби пехарот за шампиони на „Западот“, а Никола Јокиќ беше прогласен за МВП во конференциското финале.

Во големото финале Денвер најверојатно ќе игра против Мајами кој води со 3-0 во серијата против Бостон.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ