Лука Дончиќ имаше фантастична прва четвртина во која постигна дури 21 поен, во вториот и третиот период даде уште 10 поени и мечот го заврши со вкупн0 31 поен. Во последниот период не играше бидејќи победникот веќе беше решен.
Лејкерс имаше 30 поени предност на почетокот од последниот период, па тренерите играа со резервисти.
Покрај Дончиќ, во тимот на Лејкерс се истакна и Ривс кој запиша 22 поени и имаше одлични сегменти во мечот, а најдобар кај Денвер беше Гордон со 26 поени.
Резултати:
Индијана – Далас 135-131
Орландо – Хјустон 108-116
Мајами – Детроит 113-116
Минесота – Њу Орлеанс 115-119
Оклахома – Филаделфија 133-100
Сан Антонио – Њујорк 120-105
Јута – Вашингтон 128-112
ЛА Лејкерс – Денвер 120-108
Феникс – Чикаго 127-121
Портланд – Мемфис 115-99
Сакраменто – Кливленд 123-119