недела, 19 мај 2024

Денот на полицијата утре ќе го затвори булеварот АСНОМ во Ново Лисиче

Утре од 8 до 18 часот за сообраќај ќе биде затворен булеварот АСНОМ во Ново Лисиче, односно од крстосницата со булеварот Србија до булеварот Февруарски поход. Кај „авиончето“ во 12 часот обраќања ќе имаат министерот и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи.

Фото: Бул. АСНОМ во Ново Лисиче

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека оваа делница на булеарот АСНОМ ќе биде затворана поради одржување на 7 Мај – Ден на полиција

„Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за пренасочување на сообраќајот.  Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, се вели во соопштението на МВР.  

Од МВР информираат дека во 12 часот во паркот во населбата (кај „авиончето“) ќе се одржи централната прослава на која обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

„На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и други гости и претставници на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија. Во рамките на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици, како и забавна програма со популарни изведувачи по официјалниот дел“, информира МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ