петок, 18 октомври 2024
Во 12 часот е закажана спектакуларна промоција

Денот кој навивачите на Реал долго го чекаа, Мбапе пристигна на лекарски прегледи (ВИДЕО)

Килијан Мбапе утрово пристигна на лекарски прегледи со Реал Мадрид, напаѓачот за неколку часа ќе биде промовиран на Сантијаго Бернабеу пред 80.000 навивачи.

Објавено на

часот

Сподели

Дојде денот кој навивачите на Реал Мадрид долго го чекаа, Килијан Мбапе ќе биде промовиран во белиот дрес.

Французинот утрово пристигна на лекарски прегледи, имаше време да подели и автограми на оние кои беа најупорни.

Потоа следи потпис на документите заедно со Флорентино Перез, а во 12 часот е закажана неговата промоција на Сантијаго Бернабеу, пред 80.000 навивачи.

Еден час подоцна е планирана средба со новинарите, на која Килијан Мбапе ќе ги има првите зборови како фудбалери на Реал Мадрид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ