Тоа е еден од најзначајните натпревари во историјата на Црвена звезда, Баерн Минхен водеше со 1-0, но црвено-белите го свртеа мечот и победија со 2-1.
Пред крајот на првото полувреме Црвена звезда изведе една легендарна контра. Радиновиќ му додаде на Белодедиќ кој го проигра Просинечки, Хрватот со фантастичен пас го проигра Биниќ, а тој асистираше до Панчев, Македонецот беше непогрешлив од тие позиции и донесе израмнување на 1-1.
#OnThisDay in 1991
Bayern Munich v Red Star Belgrade European Cup Semi Final
Darko Pancev scores one of the best counter attacking goals you'll ever see
The pass from Robert Prosinecki is outrageous👌 pic.twitter.com/W5k2fTdPJT
— 80s&90sFootball ⚽ (@80s90sfootball) April 10, 2024
До крајот на мечот гол даде и Савичевиќ за победа на Црвена звезда од 2-1. Во реваншот беше 2-2. Југословенскиот шампион се пласираше во финалето каде го победи Олимпик Марсеј на пенал и го крена големиот пехар.