четврток, 26 декември 2024

Денот кога Панчев му даде гол на Баерн Минхен по една контра за која уште се зборува (ВИДЕО)

На денешен ден пред 32 години Црвена звезда го победи Баерн во Минхен во првиот полуфинален меч од Купот на шампионите.

Објавено на

часот

Сподели

Тоа е еден од најзначајните натпревари во историјата на Црвена звезда, Баерн Минхен водеше со 1-0, но црвено-белите го свртеа мечот и победија со 2-1.

Пред крајот на првото полувреме Црвена звезда изведе една легендарна контра. Радиновиќ му додаде на Белодедиќ кој го проигра Просинечки, Хрватот со фантастичен пас го проигра Биниќ, а тој асистираше до Панчев, Македонецот беше непогрешлив од тие позиции и донесе израмнување на 1-1.

До крајот на мечот гол даде и Савичевиќ за победа на Црвена звезда од 2-1. Во реваншот беше 2-2. Југословенскиот шампион се пласираше во финалето каде го победи Олимпик Марсеј на пенал и го крена големиот пехар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ