петок, 27 декември 2024

Денеска започна трката за претседател на СДСМ

„За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ кој најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата“, се вели во соопштението во кое се додава дека денеска започнува постапката за кандидираање и ќе трае до 6 јуни, а изборите ќе се одржат на 30 јуни. Со измени во статусот се предлага новиот претседател да има мандат од четири години.

Објавено на

часот

Сподели

СДСМ вчера одржа Централен одбор на кој бил усвоен правилник за критериумите, начинот и постапката за кандидирање и избор на претседател на партијата на вонредни избори, како и правилникот за начинот и постапката за активна регистрација за членови на СДСМ.

„Врз основа на Статутот на СДСМ, одлуките на Централниот одбор и одлуката на Извршниот одбор од денеска СДСМ објавува Отворен повик за самокандидирање на сите заинтересирани кандидати за Претседател на партијата. Постапката за кандидирање започнува од 31 мај и ќе трае седум дена, до 6 јуни годинава. Право на кандидатура имаат сите членови на СДСМ кои ги исполнуваат критериумите и високите вредносни, морални и етички норми.

За кандидат за претседател на СДСМ може да се кандидира лице со најмалку 5 години членство во СДСМ кој најмалку еднаш да бил избран од страна на Конгресот на СДСМ за член на некој од органите на партијата.

Вонредните внатрепартиски избори се распишани со одлука на Извршниот одбор и ќе се одржат на 30 јуни 2024 година (недела)“, се вели во соопштението на СДСМ.

Од партијата додаваат дека сите детали како и документи ќе бидат достапни на интернет страницата на СДСМ.

Изборите ќе ги спроведе Централна изборна комисија заедно со 80 општински изборни комисии и одбори на избирачки места на локално ниво, а можност за гласање ќе имаат сите членови на партијата кои активно ќе се регистрираат онлајн или преку општинските организации

Со одлука на Централниот одбор, за 9 jуни е закажан Конгрес на СДСМ. Покрај анализите на причините за изборниот резултат Централниот одбор предлага и измени на Статутот на партијата за мандатот на претседателот избран на вонредни внатрепартиски избори да биде 4 години, се вели во соопштението на партијата.

Инаку, изборите за претседател и за ново раководство на партијата се резултат на катастрофалниот резултат на досегашната владејачка партија на двојните избори.

Можност за кандидатура најавија Славјана Петровска и Јован Деспотовски, а се спомнуваат уште неколку имиња како претенденти за првата функција во сега опозициската партија која во наредниот период треба да го јакне својот рејтинг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ